РАСТЕ ИНТЕРЕСОТ ЗА АРМИЈАТА – 296 нови војници положија заклетва, годинава пристигнуваат уште 300

Десетгодишен план за големи проекти и меѓународни договори

РАСТЕ ИНТЕРЕСОТ ЗА АРМИЈАТА – 296 нови војници положија заклетва, годинава пристигнуваат уште 300
Фото: ГШ на РМ

Интересот на младите за професионална служба во Армијата расте, а актуелната генерација од 296 војници е најголема досега, соопшти министерот за одбрана Владо Мисајловски при посетата во касарната во Велес. Тој најави дека годинава ќе бидат примени уште 300 професионални војници.

Мисајловски истакна дека буџетот за одбрана континуирано се зголемува и веќе се планирани средства за нови вработувања, модерна опрема и подобрување на условите. Во тек е и иницијатива за долгорочно решение за статусот на војниците по навршување 45 години.

Министерот посочи дека платите и додатоците значително се зголемени и дека војниците во моментов имаат највисоки примања досега.

Размислувањето за повторно воведување задолжителен воен рок останува тема за иднина, бидејќи бара финансиски и инфраструктурни подготовки.

Во 2026 година се планираат поголеми инвестиции во касарните низ државата, Криволак и нова опрема, вклучително и униформи и балистичка заштита, како дел од долгорочната модернизација на Армијата.

CATEGORIES
TAGS
Share This