РАСТ НА ПАТНИЦИ – Милена Таскова е три милионитиот патник на Скопскиот аеродром

По повод три милионитиот патник, раководството приреди изненадување и подароци

РАСТ НА ПАТНИЦИ – Милена Таскова е три милионитиот патник на Скопскиот аеродром
Фото: Принтскрин

Милена Таскова од денешниот лет Скопје – Бари стана три милионитиот патник на Меѓународниот аеродром Скопје. По тој повод, раководството на аеродромот во присуство на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски приреди изненадување: Таскова доби бесплатни аеродромски услуги од сестринските компании на ТАВ и два бесплатни билета од Виз Ер.

„Го достигнавме три милиониот патник во една година. Милена лета првпат за Бари, и ѝ посакавме среќа на неа и нејзиното семејство“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Курт додаде дека до крајот на годината Скопскиот аеродром се очекува да пречека 3,2 милиони патници, додека Охридскиот аеродром 262.000.

Следната година се најавуваат нови авиолинии: Скопје – Наполи и Скопје – Будимпешта од 6 април, а од 28 јуни Охрид – Катовице, Охрид – Вроцлав, Охрид – Милано и редовна линија Охрид – Виена со Аустријан Ерлајнс. Со овие нови активности се очекува бројот на патници на Скопскиот аеродром да достигне 3,5 милиони.

CATEGORIES
Share This