РАСТ НА БРОЈОТ НА ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА – Странците побројни од домашните туристи
Овие бројки го потврдуваат континуираниот тренд на интерес од странски посетители, додека домашниот туризам останува стабилен, но со благ пад.

Во мај 2025 година во Македонија престојувале вкупно 130.739 туристи, од кои 22,4% биле домашни, а дури 77,6% странски, соопшти Државниот завод за статистика.
Во истиот месец се евидентирани 231.313 ноќевања, од кои 28,8% се остварени од домашни, а 71,2% од странски туристи, што укажува на значително доминирање на странскиот туризам во мај.
Во периодот јануари – мај 2025, споредено со истиот период лани:
Вкупниот број на туристи е зголемен за 16,3%
- Домашните туристи бележат намалување од 1,0%
- Странските туристи бележат раст од 23,6%
Вкупниот број на ноќевања е зголемен за 12,0%
- Кај домашните има благ пад од 0,3%
- Кај странските се бележи раст од 18,7%
Овие бројки го потврдуваат континуираниот тренд на интерес од странски посетители, додека домашниот туризам останува стабилен, но со благ пад.
CATEGORIES Бизнис


