РАСПРАВА МЕЃУ ЗЕЛЕНСКИ И КЛИЧКО – Нема струја во Киев
Претседателот го критикуваше градот за „мал интензитет на работа“, додека Кличко го нарече нападот „чиста омраза“ и ја бранеше работата на службите.

Меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, се појави индиректна јавна расправија во врска со прекинот на електричната енергија во главниот град.
Зеленски изјави дека, во споредба со другите региони, киевските власти презеле „значително помалку“ мерки и дека не забележува потребен интензитет на работа во последните денови. Тој нагласи дека ситуацијата мора итно да се корегира и дека се потребни конкретни одлуки.
Од своја страна, Кличко на својот Телеграм канал посочи дека не разбира каков „интензитет“ Зеленски очекува. Тој ја оцени претседателската критика како „чиста омраза“ и истакна дека сите служби работат согласно планот. Дополнително, советот до жителите на Киев да излезат надвор од градот за да не замрзнат, според него, е условен од сложеноста на ситуацијата.
Кличко додаде дека одговара јавно бидејќи во последните четири години никогаш немале лична средба со Зеленски.


