РАСПАД ВО БЕЛАТА КУЌА – Бракот на Трамп на работ на целосен крах

Извори тврдат дека Меланија размислува за дистанцирање и промени во приватниот живот.

РАСПАД ВО БЕЛАТА КУЌА – Бракот на Трамп на работ на целосен крах
Фото: Принтскрин

Најновите информации од Вашингтон, кои ги пренесуваат американски таблоиди, сугерираат дека бракот на Доналд Трамп и Меланија Трамп наводно се соочува со сериозни тешкотии.

Според тие извештаи, Меланија Трамп наводно размислува за дистанцирање и можно разделување, по низа настани кои, како што се тврди, влијаеле врз нејзината одлука.

Извори блиски до семејството наведуваат дека таа станала незадоволна од одредени случувања и континуираниот политички и правен притисок околу Трамп, што дополнително го оптоварува нивниот семеен живот.

Како причини кои се спомнуваат во извештаите се однесуваат на нови информации и откритија во кои се тврди дека поединечни детали за приватните и деловните активности на Трамп влијаеле негативно врз односот. Политичкиот и јавен притисок со постојаната медиумска изложеност и правни процеси наводно претставуваат голем товар за Меланија. Потребата од независност и Меланија долго време гради посебен јавен имиџ, одвоен од политичките активности на сопругот.

Иако овие информации сè уште не се официјално потврдени, дел од медиумите наведуваат дека ваквиот развој би можел да има значително влијание врз јавната и политичката слика на Трамп. Иако американскиот претседател сè уште изгледа самоуверен во јавноста, упатените тврдат дека одлуката на неговата сопруга го изненадила. Со оглед на тоа што семејниот имиџ беше еден од темелите на неговата кампања и имиџ, евентуалниот развод или разделба во овој момент би бил катастрофален за неговото политичко влијание.

CATEGORIES
Share This