РАНЕТ И ИЗОЛИРАН – Тајната на новиот врховен лидер на Иран се открива
Светските разузнавачки служби се во трка да го лоцираат новиот врховен лидер.

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, според американски и израелски безбедносни извори, е „ранет, изолиран и не одговара на пораки“, објави „Вашингтон пост“.
Израелските претставници додаваат дека Корпусот на Исламската револуционерна гарда и дел од свештениците го зголемиле притисокот врз Иран.
Порталот „Аксиос“ извести дека американската ЦИА, израелскиот Мосад и други разузнавачки служби се обидуваат да го лоцираат Хамнеи, бидејќи останал „невидлив“ откако беше прогласен за врховен лидер по атентатот врз неговиот татко, Али Хамнеи, на 28 февруари.
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, на 13 март изјави дека Моџтаба Хамнеи е „ранет и можеби обезличен“.
Хамнеи беше назначен за врховен лидер на 8 март и оттогаш не се појавил во јавноста. Првпат по назначувањето, на 12 март, тој испрати писмена порака преку иранските државни медиуми, најавувајќи продолжување на блокадата на Ормутскиот теснец.


