РАДИКАЛНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ Пушење забрането во ресторани, барови и тераси

Цигарите ќе бидат тргнати од видното поле на купувачите во маркетите

РАДИКАЛНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ Пушење забрането во ресторани, барови и тераси
Фото: Архива

Македонија се подготвува да воведе сериозни промени во Законот за заштита од пушење. Според нацрт-верзијата, пушењето ќе биде целосно забрането во сите затворени јавни простори, а увозот и продажбата на тутунски и никотински производи ќе бидат значително ограничени.

Цигарите нема да бидат видливи за купувачите во маркетите, а новите правила ќе важат за сите јавни институции и угостителски објекти, вклучувајќи ресторани, барови, меани и кантини. Пушењето ќе биде забрането и на терасите на кафетериите, освен ако тие не се целосно отворени од најмалку три страни.

Дополнително, забраната ќе важи за пушење во автомобил во присуство на дете, автобуски и железнички станици, пазари и други јавни простори и институции.

Ограничувањата се однесуваат и на електронски цигари и вејп уреди, а целосно се забранети ароматизирани цигари.

Производството, увозот, дистрибуцијата, продажбата и рекламирањето на тутунски и никотински производи со ароми или вкусови ќе бидат забранети, а исто така нема да смеат да бидат изложени на рафтовите во продавниците.

CATEGORIES
Share This