РАДЕВ ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА МАКЕДОНИЈА – Мора да го смените уставот
Поранешниот бугарски претседател го коментираше европскиот пат на Северна Македонија и билатералните односи со Софија.

Поранешниот претседател на Бугарија, Румен Радев, во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“ истакна дека неговото влегување во парламентарната политика било одговор на повикот на бугарските граѓани, како и нивните очекувања Бугарија да стане демократска, модерна и слободна европска држава со забрзана интеграција во ЕУ.
Во интервјуто, Радев се осврна и на европскиот пат на Северна Македонија и на односите меѓу Софија и Скопје. Тој потврди дека, според европскиот консензус од јули 2022 година (францускиот предлог), Македонија треба да го промени својот Устав и да ги вклучи Бугарите рамноправно со другите народи во Преамбулата, пред да можат да започнат преговорите за членство во ЕУ.
„Овој процес е тежок, но неопходен. Би сакале да ја видиме РСМ во ЕУ што е можно побрзо. Не сакаме граници и контролни пунктови, туку посакуваме луѓето од двете страни на границата слободно да живеат, работат и комуницираат заедно“, изјави Радев, пренесуваат бугарските медиуми.


