РАБОТНИ МЕСТА ИМА, РАБОТНИЦИ НЕМА – Најбараните работници во ЕУ

Онлајн огласите откриваат каде европските работодавци најтешко наоѓаат вработени

РАБОТНИ МЕСТА ИМА, РАБОТНИЦИ НЕМА – Најбараните работници во ЕУ

Највисока стапка на слободни работни места во Европската Унија минатата година е забележана кај менаџерите за продажба, маркетинг и развој и изнесува 8,4 отсто. Ова укажува дека токму оваа професија се соочува со најголема незадоволена побарувачка за работна сила и значителни тешкотии при регрутирање кадар.

Податоците се делумно добиени преку нов извор – онлајн огласи за работа (OJA), поради што Евростат ги објавува како експериментална статистика.

По менаџерите за продажба и маркетинг, највисоки стапки на слободни работни места се евидентирани кај работниците во производството и другите помошни канцелариски работници, со по 7,3 отсто, како и кај другите работници во продажба (6,1 отсто) и уметничките, културните и кулинарските соработници (6 отсто).

Околу 5,8 отсто од непополнетите работни позиции се однесуваат на работници во транспорт и магацинско работење, 5,7 отсто на менаџери во малопродажба и големопродажба, 5,4 отсто на агенти за бизнис и услуги, 5,2 отсто на оператори на постројки и машини, додека 5 отсто се инженерски професионалци, со исклучок на електротехниката.

Од Евростат посочуваат дека иако занимањата во јавниот сектор, како здравствените работници и наставниците, исто така можат да се соочат со недостиг од кадар, тие поретко се огласуваат онлајн. Поради тоа, овие професии се рангирани пониско или воопшто не се прикажани во анализата. Наспроти тоа, ИТ професиите може да бидат пренагласено застапени во податоците добиени од онлајн огласите за работа.

CATEGORIES
TAGS
Share This