РАБОТИ НА ПАТ – Утрински метеж кај клучка Аеродром
Времен режим на движење на автопатот А-1 на делницата Миладиновци – Петровец во следните два дена.

Поради технички работи во изведба на ДПТУГ „Електра Груп“ ДООЕЛ, на Автопат А-1, на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец, ќе има времена измена на режимот на сообраќајот во периодот 23/24.02.2026 година. Кај клучката Аеродром, во дневниот период од 06:00 до 08:00 часот, сообраќајот ќе се одвива по лентите за претекнување.
Денеска (24.02.) сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во сите возила, без оглед на временските услови. Обврската важи до 15 март 2026 година.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, строго почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Ова особено се однесува на делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сезонски режим на сообраќајот важи на патниот правец Охрид – Ресен, преку Национален парк Галичица, каде е затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21.11.2025 до 31.03.2026 година.


