РАБИО ПРОТИВ ФУДБАЛСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ВО АВСТРАЛИЈА “Лудост е да се патува толку далеку…”

РАБИО ПРОТИВ ФУДБАЛСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ВО АВСТРАЛИЈА “Лудост е да се патува толку далеку…”

Фудбалерот на Милан, Адриен Рабио, изрази остар протест против одлуката на УЕФА да се организираат натпревари во Австралија. Во интервју за „Фигаро“, Рабио не се согласува со идејата неговиот тим да игра против Кома во далечната земја, опишувајќи ја ситуацијата како „лудост“.

„Тоа е целосно лудило. Сето тоа се економски договори за да се зголеми видливоста на првенството, но тоа е над нашите глави… Лудо е да се поминат толку километри за да се одигра натпревар помеѓу два италијански тима во Австралија. Мораме да се прилагодиме. Како и секогаш“, изјави Рабио.

Оваа изјава доаѓа во време кога фудбалот во клубовите е во втор план, а одлуката на УЕФА да дозволи шпанското и италијанското првенство да организираат натпревари надвор од своите граници предизвика значителна реакција во јавноста.

Рабио, кој се врати во италијанскиот фудбал, исто така спомена и дека е импресиониран од неговиот соиграч Лука Модриќ. „Надам се дека ќе оставам длабок траг во Милан! Модриќ? Бев пријатно изненаден кога го видов. Изненаден сум од неговите тренинзи, деталите на кои обрнува внимание, професионализмот кој го зрачи и со 40 години. Задивен сум. Тој е скромен и дава 100% од себе“, заклучи Рабио, кој се подготвува за натпревари со репрезентацијата на Франција против Азербејџан и Исланд.

CATEGORIES
Share This