ПУТИНИ И СИ СО ДОГОВОР НА ВЕКОТ – Западот без одговор за новите гасоводи кои ја менуваат енергетската мапа

Со потпишувањето на овој договор, Русија и Кина уште еднаш демонстрираат дека нивното партнерство станува клучен фактор во глобалната енергетика.

ПУТИНИ  И СИ СО ДОГОВОР НА ВЕКОТ – Западот без одговор за новите гасоводи кои ја менуваат енергетската мапа
Фото: Национал

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг денеска потпишаа меморандум за изградба на гасоводите „Моќта на Сибир 2“ и „Сојуз Восток“, кој ќе минува низ Монголија. Со овој потег, Москва и Пекинг поставуваат нова енергетска оска во Азија, а Западот останува без вистински одговор.

„Под наше заедничко водство, соработката меѓу Кина, Русија и Монголија носи уникатни резултати,“ порача Си Џинпинг, нагласувајќи дека економската, технолошката и културната размена се продлабочува.

Путин истакна дека Русија е целосно посветена на „рамноправни и взаемно корисни односи“ со своите источни партнери, додека монголскиот претседател Ухнагијн Хурелсух потенцираше дека „Сојуз Восток“ ќе биде дел од поширок економски коридор што ги поврзува транспортот, енергијата и трговијата.

Проектот назначен како  „Моќта на Сибир 2“ ќе стане главната рута за руски гас кон Кина, дџодека „Сојуз Восток“ ќе обезбеди транзит низ Монголија, носејќи и инвестиции, инфраструктурен развој и транзитни такси.

„Газпром“ проценува дека новите рути ќе ја зајакнат енергетската безбедност на Азија, ќе ги намалат трошоците и ќе ја продлабочат економската интеграција меѓу трите земји.

Со потпишувањето на овој договор, Русија и Кина уште еднаш демонстрираат дека нивното партнерство станува клучен фактор во глобалната енергетика.

CATEGORIES
TAGS
Share This