ПУТИН ВО БОЛНИЦА – Рускиот претседател поминал цела ноќ на клиника

Претседателот призна дека поминал ноќ во клиника по „детален систематски преглед“.

ПУТИН ВО БОЛНИЦА – Рускиот претседател поминал цела ноќ на клиника
Фото: Принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека го завршил годишниот систематски медицински преглед и дека резултатите се добри.

„Неодамна направив годишен преглед. Ми требаа речиси два дена, со ноќевање во клиниката. Дојдов попладне и си заминав следниот ден. Фала му на Бога, сè е во ред“, изјави тој на изложба посветена на улогата на вештачката интелигенција во секојдневните задачи.

На настанот беше презентиран проект за речиси моментална проверка на работата на главните органи во човечкото тело.

Путин покажа интерес за можноста за ваков експресен преглед и додаде дека би било „одлично доколку за само една минута може да се заврши целосен медицински преглед“.

CATEGORIES
TAGS
Share This