ПУТИН СЕ ПОДСМЕВА СО ЗЕЛЕНСКИ – Не стој на прагот влези во куќата
Путин истакна дека Зеленски е талентиран, но го праша зошто не бил во центарот на градот

Рускиот претседател Владимир Путин го нарече украинскиот претседател Владимир Зеленски „уметник“ додека коментираше видео кое Зеленски го објави пред една недела. Во видеото, Зеленски наводно се наоѓал во Купјанск, но снимката всушност е направена околу еден километар од градот, кај камената плоча.
„Не го следам што прави Зеленски. Тој е уметник и талентиран, без никаква иронија. Нема ништо необично во тоа што поставил слика пред Купјанск. Прашањето е зошто фотографира далеку од градот? Ако веќе го пуштиле, нека дојде во центарот. Па зошто стоите на прагот? Влезете во куќата“, рече Путин, потсмевајќи се на видеото.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додаде дека за две недели од отворањето на линијата, пристигнале речиси три милиони прашања за Путин, а конференцијата ја следеле околу 600 новинари. Од 2001 година, ова е 22-ри пат како се одржува годишната конференција на рускиот претседател.


