ПУТИН ПРЕДУПРЕДУВА Без почит кон Русија нема мир

Рускиот претседател вели дека нема да има нови „специјални воени операции“ доколку Западот ги почитува интересите на Русија.

ПУТИН ПРЕДУПРЕДУВА Без почит кон Русија нема мир
Фото: Принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е спремна да ги прекине непријателствата, доколку се обезбеди долгорочната безбедност на Русија, истакнувајќи дека нема да има нови „специјални воени операции“ ако Западот ги почитува интересите на неговата земја.

Изјавата дојде за време на телевизиско обраќање, кога долгогодишниот дописник на Би-Би-Си од Москва, Стив Розенберг, го праша Путин за иднината на Русија и можноста за интензивирање на контролата над граѓаните, ограничувањата на интернетот и нови воени операции.

Путин ја бранеше законската рамка за „странски агенти“, наведувајќи дека такви закони постојат и во западните земји, вклучително и во САД од 1930-тите, и дека тие се дури построги од рускиот закон.

На прашањето за нови воени операции, Путин одговори дека тие нема да се случат доколку Западот се однесува со почит кон Русија и ги почитува нејзините интереси, посочувајќи на, како што рече, измамата околу источната експанзија на НАТО.

Розенберг оценува дека изјавите го одразуваат длабокото незадоволство на Путин од Западот, но дека европските лидери остануваат скептични, особено ако Русија ги условува преговорите за безбедност со максималистички барања кон Украина.

Рускиот претседател ги отфрли обвинувањата дека Москва планира напад врз Европа.

Каква глупост е тоа“? – рече Путин.

На крајот, Путин порача:

„Подготвени сме веднаш да ги прекинеме непријателствата под услов да се обезбеди среднорочната и долгорочната безбедност на Русија и сме подготвени да соработуваме.“

CATEGORIES
Share This