ПУТИН ПОРАЧУВА ДЕКА НЕ САКА ВОЈНА СО ЕУ – Но, ако Европа сака ајде ќе се тепаме
Рускиот претседател предупредува дека Европа нема мировен план и има само провокации

Фото: Принтскрин
Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека европските сили поставуваат неприфатливи услови за можно мировно решение во Украина.
„Немаме намера да војуваме со Европа, но ако тие тоа го посакуваат и започнат конфликт, ние сме подготвени“, изјави Путин пред новинарите, пред средбата со американскиот претставник Стив Виткоф во Москва.
Тој ги обвини Европејците дека се обидуваат да го попречат американскиот напор за завршување на војната.
„Тие немаат сопствен мировен план, туку се на страната на војната“, истакна рускиот претседател.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


