ПУТИН: НЕМА ОДЛУКИ ПОД ПРИТИСОК Самитот во Будимпешта ќе се одложи

Тој истакна дека самитот е одложен и дека би било погрешно да се пристапи кон него без соодветна подготовка.

ПУТИН: НЕМА ОДЛУКИ ПОД ПРИТИСОК Самитот во Будимпешта ќе се одложи
Фото: Принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во последниот телефонски разговор со американскиот лидер Доналд Трамп, самитот во Будимпешта, како и неговата локација, биле предложени од американска страна.

„Во нашиот последен разговор, и самиот состанок и неговата локација беа предложени од американска страна“, изјави Путин за новинарите.

Тој истакна дека самитот е одложен и дека би било погрешно да се пристапи кон него без соодветна подготовка.

Рускиот лидер нагласи дека дијалогот секогаш е подобар од продолжување на конфликтот, но и додаде дека „ниедна земја што се почитува себеси, ниту луѓе што се почитуваат себеси, никогаш не одлучуваат под притисок“.

CATEGORIES
Share This