ПУТИН И СИ ВО ТЈЕНЏИН – Рускиот претседател извести за разговорите со Американците
Овој самит, кој од 31 август до 1 септември се одржува во кинескиот град Тјенџин, е оценет како најголем во историјата на организацијата. На него учествуваат повеќе од 20 странски лидери, меѓу кои и претседателот на Русија, како и претставници на меѓународни организации

Рускиот претседател Владимир Путин го информираше кинескиот колега Си Џинпинг за резултатите од неодамнешните руско-американски разговори во Алјаска, изјави помошникот на рускиот лидер, Јуриј Ушаков.
„Да, нашиот претседател пред сè имаше многу детален разговор со претседателот на Кина. Седеа заедно и водеа активна и ефикасна дискусија. Меѓу другото, како што ми рече нашиот претседател, разговараа и за најновите контакти со Американците“, нагласи Ушаков.
Тој додаде дека Путин сè уште не разговарал директно со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, но делегациите на двете земји се во постојан контакт.
На маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) се планира и средба со словачкиот премиер Роберт Фицо.
Овој самит, кој од 31 август до 1 септември се одржува во кинескиот град Тјенџин, е оценет како најголем во историјата на организацијата. На него учествуваат повеќе од 20 странски лидери, меѓу кои и претседателот на Русија, како и претставници на меѓународни организации. Настанот го следат над 3.000 новинари од Кина и од светот.


