ПУТИН ГО РАЗРЕШИ РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА – Причините не се објавени
Баздникин ја предводеше амбасадата од 2018 година, неговиот мандат обележан со дипломатски тензии

Фото: Принтскрин
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој Сергеј Баздникин е ослободен од функцијата амбасадор на Русија во Северна Македонија.
Во објавениот документ на порталот за правни акти стои:
„Да се ослободи Сергеј Александрович Баздникин од функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија“.
Причините за неговото разрешување не се наведени. Баздникин, кој има 58 години, ја предводеше руската амбасада во Скопје од 2018 година. Неговиот мандат беше обележан со дипломатски тензии меѓу двете земји, особено по протерувањето на руски дипломати од Македонија во 2022 година, по почетокот на војната во Украина.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


