ПУКА ВНАТРЕ ВО СДСМ, ШИЛЕГОВ ИСФРЛЕН – Ќе ја отворам црната кутија на СДСМ за дрогата и парите, возвраќа Шилегов

По ударот од партијата, Шилегов најавува јавно разоткривање на, како што вели, криминални шеми

ПУКА ВНАТРЕ ВО СДСМ, ШИЛЕГОВ ИСФРЛЕН – Ќе ја отворам црната кутија на СДСМ за дрогата и парите, возвраќа Шилегов
Фото: Принтскрин

Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука да иницира постапка за исклучување на Петре Шилегов од партиското членство.

Од партијата обвинуваат дека Шилегов е под уцена и работи во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, веќе е разоткриена, како што велат, „целата бизнис шема“ на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во енергетскиот сектор „од Адамовиќ до Руднап“. Оттаму додаваат дека токму поради тоа се прават обиди за дестабилизација на СДСМ одвнатре.

„Станува збор за платформа за рушење на СДСМ“, соопштија од партијата.

Од друга страна, Шилегов во телевизиско гостување во Кочани најави ексклузивни информации за лица од СДСМ.

„Денеска не е ден за политика. Одговорот ќе го добијат од утре натаму. Имам што да кажам, но од должна почит кон луѓето кои го загубија животот на денешен ден, не мислам дека сега е соодветен момент“, изјави Шилегов.

Тој додава дека ќе се осврне и на, како што рече, „психотропните супстанци на одредени лица и парите што така лесно ги имаат заработено“.

Инаку, тој веста ја добил за време на гостување на „4ТВ“, каде настапи како бранител на еден од обвинетите во судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи пред една година.

CATEGORIES
TAGS
Share This