ПСЖ ТРОПНА НА ВРАТАТА НА БАРСА – 100 милиони евра годишна плата за Јамал, 55 милиони за откуп на договорт на Де Јонг

ПСЖ бара нова глобална икона откако го загуби Мбапе а погледот е насочен кон Барселона.

ПСЖ ТРОПНА НА ВРАТАТА НА БАРСА – 100 милиони евра годишна плата за Јамал, 55 милиони за откуп на договорт на Де Јонг
Фото: Принтскрин

Францускиот првак Пари Сен Жермен официјално испрати понуда до Барселона за холандскиот репрезентативец Френки де Јонг, но одговорот од каталонскиот гигант нема да им се допадне на парижаните. ПСЖ е подготвен да понуди 55 милиони евра за откуп на договорот, но Барселона не сака да се откаже од играчот за сума помала од 70 милиони евра.

Дополнително, каталонскиот клуб инсистира целата сума да се исплати веднаш, а не на рати, како што е вообичаено во ваквите трансфери.

Де Јонг е еден од најдобрите играчи во средниот ред на Барселона веќе неколку години. Негови главни квалитети се техничката подготвеност, одличниот преглед на играта и креативноста, особини високо ценети во модерниот фудбал.

И покрај долгорочните финансиски проблеми, Барселона не планира брзо да се откаже од Де Јонг, бидејќи поставените услови за ПСЖ многумина ги сметаат за нереални.

Меѓутоа, на европскиот трансфер пазар се активира и иднината на Ламине Јамал, што предизвикува ново внимание. ПСЖ, преку агентот Жорге Мендес, испрати понуда надвор од пазарот, а очекувањата се за нова трансфер-сага ова лето. Парискиот клуб, предводен од Насер Ал-Келаифи, сака да го засили тимот и се насочува кон млади играчи од Барселона.

Понудата за Јамал достигна 350 милиони евра, бројка што би го срушила секој рекорд на трансфер-пазарот. Во ПСЖ веруваат дека младоста и потенцијалот на играчот ја оправдуваат инвестицијата. Договорот што му се предлага би траел десет сезони, со плата што започнува од близу 100 милиони евра и постепено би достигнала 200 милиони евра во последната година, што би го направило најплатениот фудбалер на планетата.

За споредба, моментовниот крилен напаѓач на Барселона заработува околу 15 милиони евра годишно, со дополнителни бонуси.

CATEGORIES
Share This