ПСЖ НАЈДЕ НАСЛЕДНИК НА ДОНАРУМА – Лукас Шевалие пристигнува од Лил за 40 милиони евра

ПСЖ НАЈДЕ НАСЛЕДНИК НА ДОНАРУМА – Лукас Шевалие пристигнува од Лил за 40 милиони евра

Џанлуиџи Донарума (26) веројатно ја започна својата последна сезона во дресот на Пари Сен Жермен. Договорот на италијанскиот голман истекува следното лето, а преговорите за продолжување засега се без успех.

Францускиот шампион веќе го пронајде неговиот наследник. Лукас Шевалие, 23-годишниот голман на Лил, ќе се пресели во Париз со долгогодишен договор до 2030 година.

ПСЖ ќе плати 40 милиони евра за услугите на Шевалие, кој се смета за еден од најперспективните голмани во Франција и веќе има искуство во Лига 1.

CATEGORIES
Share This