ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА – Трамп на банкнотите од 100 долари
Од 1861 година на доларите стои само потписот на министерот за финансии, но сега Трамп ќе ја пишува историјата.

Министерството за финансии на САД објави дека новите доларски банкноти ќе го носат потписот на претседателот Доналд Трамп, што е првпат во историјата на американските банкноти да се појави потпис на актуелен претседател. Првите банкноти од 100 долари со новиот потпис ќе бидат отпечатени во јуни, а подоцна и останатите номинали.
Од 1861 година, на американските пари традиционално стои само потписот на министерот за финансии. Актуелниот министер, Скот Бесент, изјави дека оваа промена е начин да се признаат „историските достигнувања“ на претседателот Трамп.
Оваа одлука е дел од поширок тренд за именување на институции и симболи по Трамп по неговото враќање во Белата куќа. Неколку јавни објекти, како Кенеди центарот во Вашингтон и меѓународниот аеродром во Палм Бич, веќе ги менуваат своите имиња во негова чест. Исто така, федералната комисија одобри изработка на златна монета со ликот на претседателот, што предизвика критики од дел од јавноста за можноста за создавање култ кон личноста.


