ПРВПАТ ПО 1991 Трамп ја распореди војската на улиците на Лос Анџелес

ПРВПАТ ПО 1991 Трамп ја распореди војската на улиците на Лос Анџелес
Фото: Принтскрин јутуб

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди распоредување на 2.000 припадници на Националната гарда во Лос Анџелес, соопшти неговата портпаролка во саботата. Овој потег следува по судирите што избија за време на протестите поврзани со масовните апсења на илегални имигранти.

Според соопштението од Белата куќа, Трамп потпишал претседателски меморандум со кој се дозволува ангажман на Националната гарда за, како што се наведува, “враќање на редот и справување со беззаконието што беше дозволено да се развие”.

Трамп искажа благодарност до Националната гарда за нивната улога во смирувањето на ситуацијата во Лос Анџелес.

CATEGORIES
Share This