ПРВО ПА МАШКО Првото бебе за 2026 година во општина Прилеп е машко

Два часа по полноќ, Прилеп го доби првиот жител во Новата 2026 година. Првото бебе родено во новата година е машко, а мајката Софија ја доби својата втора рожба, синот Герасим.
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со претседателката на Советот на општина Прилеп, директорот на болницата, претставници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и со тимот на лекари и медицински сестри, го посетија Одделението за гинекологија и акушерство при Општата болница „Борка Талески“ – Прилеп, каде што на мајката и новороденчето им упатија искрени желби за добро здравје, среќно и безгрижно детство и долг живот исполнет со љубов.
Во знак на внимание и поддршка, во името на Локалната самоуправа на Општина Прилеп, на семејството им беа доделени штедна книшка и пригодни подароци за новиот член.


