ПРВО ОГЛАСУВАЊЕ НА ТРАМП ПО НАПАДОТ НА ИРАН – Тие се закана, 47 години скандираат Смрт за Америка

Доналд Трамп во видео на Truth Social објави дека започнале „големи и одлучни борбени операции“ против Иран.

ПРВО ОГЛАСУВАЊЕ НА ТРАМП ПО НАПАДОТ НА ИРАН – Тие се закана, 47 години скандираат Смрт за Америка
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран, во осумминутно видео објавено на неговата социјална мрежа Truth Social.

„Изведовме големи и одлучни удари врз Иран“, изјави Трамп.

Тој нагласува дека станува збор за „значајни борбени операции“. Според него, заканувачките активности на Техеран директно ги загрозуваат Соединетите Држави, американските воени сили, базите во странство и сојузниците ширум светот.

„Веќе 47 години иранскиот режим скандира ‘Смрт за Америка’ и спроведува немилосрдна кампања на крвопролевање“, истакна Трамп.

Тој во видеото објаснува дека овие причини ја наметнале потребата од воена акција.

CATEGORIES
TAGS
Share This