ПРВАТА ДАМА НА САД ВЛЕГУВА ВО ХОЛИВУД Меланија со сопствен филмски проект
Документарецот открива детали од нејзиниот живот пред инаугурацијата во 2025 година

Првата дама на САД, Меланија Трамп, официјално влезе во светот на филмската индустрија. Во петокот таа ја најави својата нова продукциска компанија „Muse Films“, а како прв проект го претстави документарниот филм за нејзиниот живот со наслов „Melania“, пренесува TMZ.
Изненадувачката вест Меланија ја сподели на социјалната мрежа X, каде што објави и краток трејлер за да ја претстави новата компанија. Интересен е и изборот на името – Muse било нејзиното кодно име што го користела Тајната служба за време на првиот претседателски мандат на Доналд Трамп.
Документарецот, под режисерска палка на Брет Ратнер, ќе им понуди на гледачите ексклузивен поглед во животот на Меланија во неделите пред нејзината инаугурација во 2025 година. Филмот ги следи нејзините подготовки за повторното влегување во Белата куќа, враќањето на јавната сцена со семејството, како и предизвиците со кои се соочува во секојдневието.
Во документарецот ќе се појават и Доналд Трамп и нивниот син Барон, во пократки улоги. Филмот „Melania“ во американските кина ќе биде премиерно прикажан на 30 јануари 2026 година, по што ќе стане достапен и на Amazon Prime Video.

