ПРВА ЖРТВА НА ДЕН ПО ДЕРБИТО – Партизан го смени тренерот
Ненад Стојаковиќ е на чекор од отказ по вчерашниот пораз во вечниот дерби.

Фото: Принтскрин
По вчерашниот пораз во дербито со Црвена Звезда, Белградски Партизан ќе ја промени тренерската позиција. Ненад Стојаковиќ е на чекор од отказ, а според информации од клубот за српските медиуми, нов тренер на „црно-белите“ ќе биде клупската легенда Дамир Чакар. Негов прв помошник ќе биде Ѓорѓије Четковиќ.
Се очекува ова да биде привремено решение до крајот на сезоната, по што ќе биде донесена конечна одлука за нов тренер.
Стојаковиќ го презеде клубот во ноември минатата година, по заминувањето на Срѓан Благојевиќ. Во 10 натпревари на чело на Партизан, тој забележа шест победи, еден нерешен резултат и три порази.
CATEGORIES Фудбал


