ПРВА ЗАЕДНИЧКА СРЕДБА НА ОДБОРИТЕ НА МЕПСО – Енергетската стабилнот е приоритет вели министерката Божиновска

Од наредната година, МЕПСО ќе стане полноправен член на Joint Allocation Office (JAO) која е единствената европска платформа за аукции на прекугранични преносни капацитети.

ПРВА ЗАЕДНИЧКА СРЕДБА НА ОДБОРИТЕ НА МЕПСО – Енергетската стабилнот е приоритет вели министерката Божиновска
Фото: МЕРМС

Во Министерството за енергетика, рударство и минерални ресурси (МЕРМ), за првпат се одржа заедничка средба на Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО. Целта на овој нов формат е побрза и поефикасна координација во функционирањето на преносната мрежа.

Министерката Сања Божиновска истакна дека постојаната координација е неопходна, бидејќи МЕПСО, како клучен столб за енергетската стабилност на државата, мора да функционира беспрекорно, со стабилна динамика на проектите и без доцнења.

„Во услови кога енергетската стабилност е приоритет, од суштинско значење е преносната мрежа да се одржува континуирано, да се модернизира и да се развива во согласност со европските стандарди, со јасна стратегија и дневна оперативна дисциплина“, изјави Божиновска.

Таа нагласи дека само со заедничка и навремена координација со Управниот и Надзорниот одбор можат да се надминат застои кај клучните проекти, да се решаваат административните пречки и да се обезбеди континуирана модернизација и одржување на преносната мрежа.

На средбата се дискутираше за напредокот и моменталната состојба на големите инфраструктурни проекти, планирањето и приоритетите на нови стратешки проекти за зајакнување на мрежата, како и предизвиците во секојдневното работење и начини за нивно надминување, со цел постигнување поголема ефикасност и подобра оператива.

Од наредната година, МЕПСО ќе стане полноправен член на Joint Allocation Office (JAO) – единствената европска платформа за аукции на прекугранични преносни капацитети.

„Со приклучувањето кон JAO, македонскиот системски оператор ќе влезе во хармонизираниот европски модел за тргување со електрична енергија на границите со Србија и Бугарија, додека со останатите соседи остануваме на регионалната платформа (ЦЕО). Членството ќе овозможи поефикасно управување со прекуграничните капацитети, поголема транспарентност и интеграција на македонскиот пазар во европските електроенергетски текови“, појасни Министерството.

Министерството најави дека ќе продолжи со редовна комуникација и координација со МЕПСО, со цел обезбедување стабилен, модерен и сигурен преносен систем, кој е темел на енергетската безбедност и развојот на државата.

CATEGORIES
TAGS
Share This