ПРВ НЕУСПЕХ НА ЛИВЕРПУЛ Кристал Палас го освои англискиот суперкуп

ПРВ НЕУСПЕХ НА ЛИВЕРПУЛ Кристал Палас го освои англискиот суперкуп

Екипата на Кристал Палас е новиот освојувач на англискиот Комјунити Шилд, откако попладнево во драматичен натпревар го совлада првакот Ливерпул по изведување на пенали. Регуларниот дел заврши 2:2, а по пеналите „орлите“ славеа со 3:2.

Ова е втор трофеј за Кристал Палас во краток период, откако во мај го освоија и ФА Купот.

Ливерпул двапати беше во водство – прво со гол на новото засилување Уго Екитике во 4. минута, а потоа и со погодок на Џереми Фримпонг во 21. минута. За Палас, Жан-Филип Матета израмни од пенал во 17. минута, а Исмаила Сар во 77. минута донесе 2:2 и пенал-рулет.

Во драмата од 11 метри, голманот на Кристал Палас, Дин Хендерсон, одбрани два удари, а Мохамед Салах промаши целосно. Решавачкиот пенал во петтата серија го реализираше Џастин Девени, обезбедувајќи историски прв трофеј за Палас во ова натпреварување.

Ливерпул останува со 16 освоени Комјунити Шилд трофеи.

CATEGORIES
Share This