ПРВ КОНЦЕРТ НА „NO BORDERS ORCHESTRA“ ВО СКОПЈЕ – Музика без граници на 5 септември во Македонската филхармонија
Концертот ќе се одржи на 5 септември во 20 часот во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на регионалната турнеја „Turning Point“.

Македонската публика првпат ќе има можност да го слушне врвниот ансамбл „No Borders Orchestra“ (НБО), составен од музичари од сите поранешни југословенски републики. Концертот ќе се одржи на 5 септември во 20 часот во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на регионалната турнеја „Turning Point“.
Програмата опфаќа дела од Шенберг, Штраус и Малер, како и композиции на современи автори, меѓу кои и македонската композиторка Дарија Андовска. НБО, добитник на награди за регионална соработка и изведувач за престижната етикета Deutsche Grammophon, преку музиката ја пренесува пораката за надминување на разликите и заедништво.
CATEGORIES Култура


