ПРОСЕЧНАТА НЕТО И БРУТО ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА – Ова се износите
Просечната нето плата во Македонија над 45.000 денари додека просечната бруто-плата достигна 69.141 денар

Фото: Национал
Просечната месечна нето-плата во Македонија за ноември 2025 година изнесувала 45.961 денар, што претставува зголемување од 9,4% во однос на истиот месец претходната година, според најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Најголем раст на платите е забележан во секторот административни и помошни дејности, каде примањата се зголемиле за 16,5%. Следуваат здравството и социјалната заштита со пораст од 11,1%, како и трговијата со 10,9%.
Во споредба со октомври 2025 година, забележан е благ раст на платите, при што во јавната управа и одбраната платите пораснале за 3,5% за само еден месец. Просечната бруто-плата за ноември изнесувала 69.141 денар.
CATEGORIES Бизнис
TAGS Топ вест

