ПРОНАЈДЕНО БЕЗЖИВОТНО ТЕЛО ВО ДЕЛЧЕВО Обвинителството нареди обдукција

Во скопската населба Драчево денеска е пронајдено безживотно тело на маж во дворот на семејна куќа, потврдуваат неофицијални информации. Телото било откриено од негов пријател, кој веднаш го пријавил случајот во полиција.
На местото на настанот пристигнале полициски екипи и екипа на Итната медицинска помош, при што лекар констатирал смрт. Според првичните сознанија, на телото биле забележани отворени рани, поради што случајот веднаш бил пријавен кај надлежните институции.
По налог на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини и околностите под кои настанала смртта. Засега не се соопштуваат дополнителни детали, а истрагата е во тек.
Настанот предизвика вознемиреност кај жителите на Драчево, кои велат дека се изненадени и загрижени од трагедијата што се случила во нивното соседство. Надлежните најавуваат дека повеќе информации ќе бидат соопштени по завршување на истражните дејствија.


