ПРОНАЈДЕНО БЕЗЖИВОТНО ТЕЛО НА 25-ГОДИШНИК МВР продолжува со истрагата

Во напуштен објект на подрачјето на општина Центар, ноќеска било пронајдено безживотно тело на 25-годишен скопјанец, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 00:20 часот на 12 декември 2025 година. На местото интервенирала екипа на Итната медицинска помош, која ја констатирала смртта на лицето, при што не биле забележани видливи траги што би укажувале на насилство.
Полициски екипи извршиле увид, а по насоки на надлежен јавен обвинител, телото е предадено на обдукција. Причините за смртта ќе бидат утврдени по завршување на судско-медицинските испитувања.
CATEGORIES Македонија


