ПРОМОЦИЈА НА СТИХОЗБИРКАТА „ЌУМУР СМОКВИН МЛЕЧ“ Дебитантска збирка на Стефан Спасовски

„Ќумур смоквин млеч“ е добитник на наградата Антев часовник за необјавена збирка од млад автор на манифестацијата „Анте Поповски – Антево перо“.

ПРОМОЦИЈА НА СТИХОЗБИРКАТА „ЌУМУР СМОКВИН МЛЕЧ“ Дебитантска збирка на Стефан Спасовски

Вечерва (четврток, 3 јули) со почеток во 20 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на дебитантската поетска збирка „Ќумур смоквин млеч“ од младиот автор Стефан Спасовски.

Промотор на книгата ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој збирката ја опишува како „стегната и јасна“, со „избистрен јазик“ и „длабоко интердискурзивна структура“. Во рамки на настанот ќе се одржи разговор со авторот и читање на дел од песните.

„Ќумур смоквин млеч“ е добитник на наградата Антев часовник за необјавена збирка од млад автор на манифестацијата „Анте Поповски – Антево перо“.

Стефан Спасовски е студент на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и активен учесник во повеќе културни проекти и поетски читања.

CATEGORIES
Share This