ВО ПРИЛЕП ПРОМОЦИЈА НА ВРЕДНА КНИГА Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески
Книгата содржи материјали од оставината на основоположникот на македонското граматичарство, авторот на првата македонска граматика, истакнат македонист, педагог, учебникар, методичар, преведувач, собирач на народни умотворби
Книгата содржи материјали од оставината на основоположникот на македонското граматичарство, авторот на првата македонска граматика, истакнат македонист, педагог, учебникар, методичар, преведувач, собирач на народни умотворби.

По повод роденденот на првиот современ македонски граматичар Круме Кепески, денеска во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ќе биде промовирана книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“, приредена од проф. д-р Јованка Кепеска, во издание на „Македоника литера“.
Како што е најавено, за книгата ќе зборува проф. д-р Симона Груевска Маџоска, претседател на Советот за македонски јазик, а за делото на Круме Кепески ќе зборува Слободан Беличански од името на Друштвото за наука и уметност во Прилеп.