ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ -Слаби врнежи од дожд и снег низ земјава
Температурата во главниот град околу 4°C со висока влажност

Фото: Национал
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег со температури во интервал од -5 до +7 – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
T=4°C. P=991hPa. U=88%. V=2m/s.
CATEGORIES Македонија


