ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ ЗА ВЕЛИГДЕН Од сонце до ветар, врнежи и грмежи
По нестабилниот крај на работната недела, викендот носи сончево време со мала до умерена локална облачност, а температурите ќе бидат во постепен пораст

Нестабилно време нѐочекува попладне и особено кон крајот на денот. Денешниот петок ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса, која ќе услови променливо облачно време со локални врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено во претпладневните часови, кога се очекува најинтензивната нестабилност.
По нестабилниот крај на работната недела, викендот носи сончево време со мала до умерена локална облачност, а температурите ќе бидат во постепен пораст.
Во сабота ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 5°C до 11°C, додека максималните дневни ќе достигнат од 18°C до 23°C.
Во недела нѐ очекува уште потопло време, со сонце и мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој ќе донесе блага топлина од југ.
Утринските температури ќе се движат од 4°C до 10°C, а дневните ќе се искачат до 25°C, што го прави неделниот ден еден од најтоплите овој април досега.


