ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ – Попладне слаб локален дожд

Температури од 3 до 14°C, можен слаб дожд на северозапад; во Скопје 12°C со слаб до умерен северен ветер

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ – Попладне слаб локален дожд
Фото: УХМР

Денеска (07.11) времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура во интервал од 3 до 14 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Во северозападните региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
T=12°C. P=980hPa. U=75%. V=2m/s

CATEGORIES
Share This