ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Пообилни врнежи се најавуваат кон средината на неделата

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно, со услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а на одделни места и повремено засилен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од 2 до 7 степени, додека дневните максимални ќе достигнат меѓу 8 и 15 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до околу 2 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на циклонска активност, во наредните денови се очекува променливо облачно и потопло време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се најавуваат кон средината на следната седмица. Ветерот ќе биде умерен до засилен, претежно од јужен правец, а температурите ќе бидат во постепен пораст, при што утринските вредности насекаде ќе останат над нулата.


