ПРОМЕНЛИВО И ВЕТРОВИТО – Дожд се очекува кон крајот на денот
е дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h).

Фото: Национал
Времето денеска (07.10) ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата ќе се движи во интервал од 2 до 16 степени. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h).
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
T=14°C. P=978hPa. U=78%. V=5m/s.
CATEGORIES Македонија


