ПРОМЕНЛИВО И ОБЛАЧНО ВРЕМЕ – Дожд во пониските, снег во планинските предели
Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Фото: Национал
Денеска (11.02.) времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура во интервал од 1 до 12 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, претежно облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец
CATEGORIES Македонија


