ПРОМЕНИ ВО РУСКИОТ ВРВ – Путин го разреши Сергеј Иванов од Советот за безбедност на Русија

Иванов има истакната кариера од висок офицер во КГБ и ФСБ до министер за одбрана и вицепремиер на Русија.

ПРОМЕНИ ВО РУСКИОТ ВРВ – Путин го разреши Сергеј Иванов од Советот за безбедност на Русија
Фото: Принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин денес го разреши Сергеј Иванов од Советот за безбедност на Русија, соопшти официјалниот портал за правни акти.

Путин претходно го разреши Иванов и од функцијата специјален претставник на претседателот за заштита на животната средина. Во документот се наведува дека „составот на Советот за безбедност на Руската Федерација се менува… со исклучок на С. Б. Иванов“, пренесува РИА Новости.

На почетокот на февруари, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека Иванов поднел оставка од функцијата специјален претставник за животна средина, екологија и транспорт по „лични причини“.

Иванов беше назначен за таа функција во 2016 година, а претходно беше шеф на кабинетот на претседателот, министер за одбрана и вицепремиер на Русија во раните 2000-ти. Тој има долга и истакната кариера како висок офицер во КГБ и ФСБ, а има и чин пензиониран генерал-полковник.

Според државната агенција ТАСС, иако повеќе не е специјален претставник, Иванов останува еден од 13-те постојани членови на Советот за безбедност на Русија.

Иванов беше еден од најблиските соработници на Путин, со долгогодишна кариера во КГБ, Министерството за одбрана и Кремљ, а долго време се сметаше за потенцијален наследник на претседателот. Иванов и Путин се запознале во КГБ кон крајот на 1970-тите. Двајцата имаат служено во странство – Путин во поранешната Источна Германија, а Иванов во Финска и Кенија.

CATEGORIES
TAGS
Share This