ПРОМЕНИ НА БРОЈОТ НА СОВЕТНИЦИ ВО 17 ОПШТИНИ – Бројот се определува според жителите, не нерезидентите вели Перински
Перински смета дека барањата на опозицијата за вклучување на целото население од пописот во пресметките се неосновани и истакна дека Владата ги расчистила сите дилеми пред да ги предложи измените.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, изјави дека се вложуваат максимални напори измените на Законот за локална самоуправа, кои се заглавени во парламентот, да бидат изгласани најдоцна до 12 септември – датумот кога е закажана последната парламентарна седница пред изборите.
Тој потсети дека предлог-измените се подготвувале повеќе од шест до седум месеци, преку широки консултации и дебати со сите засегнати страни, вклучувајќи ги и координаторите на пратеничките групи.
„Жалам што ниту ДУИ, ниту СДСМ не успеаја да се издигнат над партиските интереси и да ги поддржат предложените решенија. Овие измени, пред
Министерот посочи дека измените предвидуваат:
-
можност за референдумски отповик на градоначалник,
-
воведување комунална полиција како законска обврска на градоначалниците,
-
задолжително јавно пренесување на седниците на советите.
Според него, доколку законот не биде изгласан на следната седница, новоизбраните градоначалници ќе започнат мандати без можност за отповик и без обврска за воспоставување комунална полиција и градски архитекти, што, како што вели, ќе има негативни последици по квалитетот на локалните услуги и транспарентноста.
Перински се осврна и на делот од законот кој се однесува на бројот на советници во општините. Тој потсети дека Уставниот суд ја укина методологијата со која е извршен последниот попис, но не и официјалните бројки добиени од истиот.
„Пописот го спроведоа ДУИ и СДСМ, а методологијата која ја поништи Уставниот суд беше токму нивно дело,“ рече Перински.
Тој додаде дека Владата веќе интервенирала во однос на бројот на советници, соодветно на промените во бројот на жители во општините.
„Во 17 општини имаше промени – во 14 бројот на советници се намали, а во три се зголеми, согласно бројките од пописот. Членот 34 од Законот за локална самоуправа прецизно дефинира дека бројот на советници зависи исклучиво од бројот на жители во општината. Никаде во светот бројот на нерезиденти не се користи како параметар за определување на советници,“ нагласи министерот.
Перински смета дека барањата на опозицијата за вклучување на целото население од пописот во пресметките се неосновани и истакна дека Владата ги расчистила сите дилеми пред да ги предложи измените.
Инаку, во 10 општини ќе се намали и бројот на советнички места, а од оние поголемите – помалку советнички места ќе има и во Куманово (минус две) и Крива Паланка (минус четири).
Бројот на советници ќе порасне само во скопската општина Карпош каде од сегашните 23 бројот на советници ќе се зголеми на 27, како и во во општината Студеничани, каде ќе има зголемување од 15 на 19.
Најголем пад во советничките мандати за следните локални избори ќе претрпи општина Гостивар, каде во следните години ќе има дури осум советници помалку. Според резултатите од пописот од 2002 година оваа општина имала 81.000 жители, што според Законот треба да има 31 советничко место, но по резултатите од 2021 година, Гостивар има резидентно население од 59.770 жители, што значи дека бројот на членови ќе изнесува 23.

