ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ – Сонце, облаци и услови за локален дожд попладне
Времето ќе биде стабилно во поголемиот дел од денот, со можност за слаб дожд на поодделни места попладне.

Фото: Национал
Времето денеска (15.03.) ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температура во интервал од -2 до 18 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Попладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
CATEGORIES Македонија


