ПРОФЕСОРИТЕ ШОКИРАНИ – Како студентите користат AI очила за да измамaт на испити

Паметни очила со вграден AI им дозволуваат да добијат одговори во реално време, а професорите не можат да ги фатат.

ПРОФЕСОРИТЕ ШОКИРАНИ – Како студентите користат AI очила за да измамaт на испити
Фото: Принтскрин

Во Кина, студентите најдоа нов начин да препишуваат на испити со помош на технологија, што професорите тешко можат да го забележат, пишува „Рест оф ворлд“. Тие користат паметни очила за да ги скенираат прашањата што не ги знаат и потоа пребаруваат одговори на интернет.

Една студентка изјави дека ги користи своите очила со вештачка интелигенција за секој предмет каде би можела да падне. Нејзиниот метод се покажал толку успешен што други студенти почнале да ги изнајмуваат нејзините очила за испити.

Паметните очила станаа дел од пазар вреден милијарди долари. Цените на одредени модели се движат од 270 до над 1.000 долари, зависно од функциите и производителот.

Популарни модели како „Рејбан Мета“ и „Рокид АИ“ имаат поддршка за вештачка интелигенција, можат да фотографираат, да репродуцираат звук и да прикажуваат информации директно пред очите на корисникот.

Технологијата користи вештачка интелигенција за скенирање текст, на пример прашање на испит, и речиси во реално време ја прикажува точниот одговор на стаклото од очилата. Сето тоа се случува без потреба од мобилен телефон или друг видлив уред.

Сепак, уредите имаат и ограничувања. Првите корисници пријавуваат кратко траење на батеријата, прегревање и неудобност при подолго носење. Сепак, со постојаните вложувања на големите технолошки компании, се очекуваат значителни подобрувања.

На „Редит“ се појавија негативни коментари за ваквата употреба на технологијата во образованието.

Еден корисник напиша:

„Мојата сестра има студенти кои само ги копираат одговорите од Чет-ГПТ. Знае дека го прават тоа бидејќи ја оставаат сивата заднина на текстот.“

Друг истакна дека студентите кои се служат со вакви помагала најмногу си штетат сами на себе:

„Користиш вештачка интелигенција за сите предмети. Ги користиш тие работи за мамење на испитите. Дипломираш, а ништо не си научил.“

CATEGORIES
Share This