ПРОЕКТ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ПРЕВОЈОТ ПРЕСЕКА Целта е да се подигне безбедноста во сообраќајот
Се работи за проект за рехабилитација на 11 километри патен правец, што е од огромно значење за подобрување на безбедноста во патувањето и ќе го олесни поврзувањето на главниот град со Охрид и Струга

Вицепремиерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од рехабилитацијата на превојот Пресека, проект преку кој ќе се подигне безбедноста во сообраќајот на овој патен правец.
” Интензивно работиме на целосна реконструкцијата на превојот Пресека во должина од 11 километри. Превојот Пресека претставува главна артерија за спојување на Кичево со Охрид и Струга, но и за спојување на Скопје со Струга и Охрид, побезбедно и побрзо патување е нашата цел.
Се работи за проект за рехабилитација на 11 километри патен правец, што е од огромно значење за подобрување на безбедноста во патувањето и ќе го олесни поврзувањето на главниот град со Охрид и Струга” – напиша вицепремиерот Николоски.
CATEGORIES Македонија


