ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Со воведни зборови денес ќе се обрати одбраната

На вчерашното рочиште поранешните министри за економија и директори на ДЗС ја негираа вината, тврдејќи дека немале надлежности да влијаат врз трагичниот исход, кој бил предизвикан од пиротехника употребена спротивно на закон.

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Со воведни зборови денес ќе се обрати одбраната

Со воведни зборови на одбраната денеска во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На рочиштето воведен говор треба да даде одбраната на 26-то обвинетиот Шефкет Хазири од Министерството за економија.

На вчерашното рочиште поранешните министри за економија и директори на ДЗС ја негираа вината, тврдејќи дека немале надлежности да влијаат врз трагичниот исход, кој бил предизвикан од пиротехника употребена спротивно на закон. Одбраните на Крешник Бектеши и Ваљон Сараќини истакнаа дека нивните институции немале инспекциски надлежности и дека лиценците издадени во минатото не значеле дозвола за работење на „Пулс“ во формата и условите во кои функционирал.

Поранешните директори на ДЗС, Аднан Џаферовски и Шабан Салиу, исто така ја оспорија основаноста на обвинението, наведувајќи дека нема докази кои ги поврзуваат со настанот.

Воведен збор досега дадоа одбраните на сопствениците, обезбедувањето и дел од службениците, а остануваат воведните говори на обвинетите од Министерството за економија, пазарните инспектори и сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“.

Обвинителството, застапувано од 15 јавни обвинители, тврди дека „Пулс“ бил смртоносна стапица како резултат на системска негрижа и институционални пропусти. На обвинителна клупа се 37 лица.

CATEGORIES
Share This