ПРИВЕДЕНА 23-ГОДИШНА ЖЕНА – Осомничена за физички напад врз бебе
Бебето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за лекарска помош, а полицијата ја истражува случајот.

Фото: Принтскрин
Во раните утрински часови, околу 06:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 23-годишна жена од Кавадарци.
Таа се сомничи дека околу 00:37 часот физички го нападнала своето шестмесечно бебе во семејниот дом. Бебето е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
CATEGORIES Македонија


