ПРИВЕДЕН ЕДЕН ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА УБИСТВО ВО ЧАШКА Се трага по вториот сторител

Осомничениот, заедно со уште едно неидентификувано лице, го намамил и со автомобил го однел Ѓело Ѓошев од Велес, каде што пукале во него со огнено оружје и го усмртиле.

ПРИВЕДЕН ЕДЕН ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА УБИСТВО ВО ЧАШКА Се трага по вториот сторител

Основното јавно обвинителство Велес отвори истрага против едно лице осомничено за убиство на 5 ноември во местото Поројница, близу патот Чашка–Бусилци. Осомничениот, заедно со уште едно неидентификувано лице, го намамил и со автомобил го однел Ѓело Ѓошев од Велес, каде што пукале во него со огнено оружје и го усмртиле.

Осомничениот, кој претходно бил осудуван за разбојништво, по делото се обидел да ги прикрие трагите. Поради опасност од бегство и влијание врз сведоци, обвинителот предложил притвор. МВР продолжува со потрага по вториот сторител и утврдување на мотивите.

CATEGORIES
Share This